Насловна / Вести / Француските железници нарачаа 12 возови на водород

Француските железници нарачаа 12 возови на водород

Францускиот оператор на железничкиот патнички сообраќај  SNCF Voyageurs, ги нарача првите 12 возови на водород од францускиот производител на возила и енергетска опрема Alstom. Станува збор за бимодални, електро-водородни патнички гарнитури од серијата Coradia. Возовите би требало да сообраќаат по неелектрифицираните линии во француските региони: Auvergne – Rhône – Alpes, Bourgogne – Franche – Comté, Grand Est и Occitanie. Вкупната вредност на нарачката е 190 милиони евра. Освен што овој проект значително ќе ја намали емисијата на јаглерод диоксид од железницата во Франција, тој ќе даде уште еден импулс за премин кон водородно енергетско стопанство.

coradia1

coradia_glavna

Испрати коментар

Scroll To Top