Насловна / Вести / Францускиот Photosol стигнува на Балканот за да изгради соларни електрани од вкупно 1,2GW

Францускиот Photosol стигнува на Балканот за да изгради соларни електрани од вкупно 1,2GW

Photosol се подготвува да отвори претставништво во Романија, од кое има намера да управува со работењето и во Бугарија и на Западен Балкан. Таа француска компанија има за цел да развие проекти за соларни електрани во регионот со вкупен инсталиран капацитет од 1,2GW.

Photosol има 97 фотонапонски постројки во Франција и подготвува проекти од 5GW, вклучувајќи ги и оние во Романија, на чиј пазар планира да влезе оваа гоидна. Компанијата во оваа земја планира 500MW. Идното седиште на компанијата во Романија ќе биде задолжено и за Бугарија и за земјите од Западен Балкан. Целта на компанијата за 2030 година е фотонапонскиот капацитет во целиот регион да изнесува 1,2GW, според најновите информации. Photosol полага големи амбиции и во развојот на агросоларните електрани.  Што се однесува до финансирањето, се смета дека преку комерцијални договори за откуп на електричната енергија (PPA), ќе се обезбедат половина од приходите.  На веб страната на компанијата стои дека нејзините две најголеми електрани имаат по 43MWp. Photosol во моментот гради и една постројка од 51MW во Франција.

 

Испрати коментар

Scroll To Top