Францускиот парламент го усвои законот за климата, кој треба да доведе до промени во сообраќајот, домувањето и индустријата, но истиот е предмет на критики од страна на еколошките активисти. Според нив, новиот закон не е доволно амбициозен, односно нема ниту доволно брзо, ниту во доволна мера да ги намали емисиите на јаглерод диоксид. Законот кој доби силна поддршка од преседателот Макрон, се однесува на пет клучни прашања за француската економија, поточно одгледувањето на животни, историските згради, авионската индустрија и индустријата на моторни возила. После повеќемесечната дебата околу некои одредби, компромисниот предло на законот е усвоен од страна на двата дома на парламентот. Законот предвидува мерки кои треба да го намалат загадувањето од автомобилите преку постепено исклучување на загадувачите од сообраќај, потоа помош за реновирање на енерегтски неефикасни домови и згради, како и забрана за домашните летови пократки од два и пол часа, под услов истите линии да се поврзани со железница. Активистите го обвинуваат Макрон дека не го исполнил своето ветување, односно да ја интегрира заштитата на жвотната средина во секојдневниот живот на граѓаните. Тие исто така сметаат дека со ваквиот потег тешко ќе се достигне планот на ЕУ за јаглеродна неутралност.