Француската енергетска компанија Electricite de France (EDF) е заинтересирана за соработка со Србија за развој на проекти во областа на хидроенергетиката, изјави министерот за рударство и енергетика на Србија, Александар Антиќ откако оствари средба со претставниците на оваа компанија. Освен во областа на искористување на хидропотенцијалот, французите изразиле подготвеност за соработка и во областа на развојот на преносната и дистрибутивната мрежа. EdF е една од најголемите енергетски компании во светот, која постои над 70 години. Истовремено, компанијата е светски лидер по производството на енергија без емисии на CO2.(97% од своето вкупно производство)