Францускиот оператор на железницата, компанијата SNCF основа нова подружница SNCF Renouvelables, за производство на електрична енергија од обновливи извори. Компанијата има намера да инсталира фотоволтаици со вкупен капацитет од 1GW.
SNCF е еден од најголемите потрошувачи на електрична енергија во Франција. Годишно во просек троши 9TWh за погон на 15.000 возови и снабдување на 3.000 железнички станици и објекти. Затоа компанијата сака да гради фотонапонски постројки долж својата инфраструктура, односно соларни настрешници на над стотина паркинзи покрај железничките станици, покрај пругите, како и на покривите на своите објекти. Работите ан првата фаза од тиесетина локации започнуваат наскоро во неколку региони.
Втората фаза ќе опфаќа инсталрање на вакви постројки вертикално долж трасите на пругите на сегашните огради. SNCF управува со објекти со вкупна површина од 12 милиони квадратни метри и уште 100.000 хектари земјиште. Компанијата веќе има изработено соларен катастар во кој се идентификувани најпогодните локации за поставување на фотоволтаици.