Доколку не се случат некои непредвидени настани, првиот лет на ракетата Ariane 6 се очекува на крајот на 2023 година, најави Philippe Baptiste, првиот човек ан францускиот Национален центар за вселенски студии (CNES). Според неговите зборови, првиот лет на Ariane 6 може да биде дополнително поместен во случај на технички проблеми во текот на тестирањето. „Се е условено од техничките аспекти и можните проблеми кои би можело да се појават во текот ан комбинираните тестови на ракетата и лансирната платформа на космодромот во Француска Гвајана“, рекол Baptiste. Европската вселенска агенција (ESA), исто така потврдила дека ова лансирање се очекува во последниот квартал од годинава.