Оваа луксузна вила во француски стил, се наоѓа во богато предградие на Чикаго. Нејзината цена е од 13,4 милиони долари, иако претходно била ставена на продажба со цена од 15,9 милиони евра. Овој имот има околу 2.000 м2 луксузен простор за живеење, а се наоѓа во посед на 8,5 хектари, во близина на езерата Heather и Keene.
Со цена која е намалена за 2,5 милиони долари, овој луксузна резиденција е совршен дом за секој кој сака да живее во моќното преградие на Чикаго или во неговата непосредна близина. Во текот на изградбата на вилата биле користени само високо квалитетни материјали, додека процесот на изградба и дизајнирањето морале да бидат беспрекорни.
Вилата има шармантен двор, преубава библиотека со панели од костеново дрво, лифт, галерија, гастрономска кујна, приватна канцеларија, безбедна соба, одличен звучен систем и систем за безбедност.
Идните сопственици ќе можат да уживаат во пет спални соби и 11 бањи, вклучувајќи и други голем број на луксузни и отмени погодности.