Насловна / Вести / Француска компанија ќе го гради првиот агросоларен парк во Хрватска

Француска компанија ќе го гради првиот агросоларен парк во Хрватска

Компанијата Neoen го претстави првиот прирачник за агросолар во Хрватска и ја најави изградбата на првиот агросоларен проект во оваа држава, кој би требало да има инсталирана моќност од 10 MW. Агролорарните паркови изгледа полека ќе го освојат регионот, бидејќи неодамна во Србија е најавен втор проект од овој вид во таа земја. Прирачникот за агросолар, носи бројни корисни информации, меѓу кои и одговори на прашањата како изгледаат тие постројки, кои се предностите и можностите за земјоделците, како и на кој начин да се искористи максимално нивниот потенцијал.

neoen1

neoen2

Neoen соопштува дека агросолар овозможува да се продолжи со обработка на над 70% од земјиштето, а кај сточарските активности дури 90%, во зависност од приментата технологија и земјоделските култури односно животни кои се одгледуваат.  Важна порака од прирачникот е во законодавството тој процент да не се ограничува на повеќе од 75%, бидејќи со тоа може да се доведе во прашање исплатливоста на таквите проекти.

neoen3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top