Новата индустриска постројка на компанијата HDF Energy ќе произведува горивни ќелии користејќи ја технологијата PEM (мембрана за протонска размена), која веќе се користи кај автомобилите и автобуситеширум светот и позната е по својата ефикасност, издржливост и технолошка зрелост.
Предпроизводната фаза и тестирањето на горивните ќелии би требало да почне во 2025 година, а индустриското производство во 2026 година, со цел фабриката најдоцна до 2030 година да произведува во полниот проектиран капацитет. Фабриката е дел од проектот на HDF Industry, чија цел е развој и производство на горивни ќелии. PEM горивните ќелии имаат голем капацитет, компактни се и немаат емисии, што ги прави идеални за товарен транспорт и за производство на електрична енергија. Фабриката се наоѓа во близина на Бордо во Франција, а 80% од производството ќе биде наменето за извоз. Овие горивни ќелии се клучна компонента на електраните Renewstable кои HDF Energy ги гради ширум светот, а кои произведуваат неваријабилна енергија од обновливи извори благодарение на големите капацитети за складирање на соларна енергија или енергија од ветерот со помош на водород.
Европската комисија дала зелено светло на француската влада да го поддржи проектот на компанијата HDF Energy во склоп на програмата за финансирање на важни проекти од заенички интерес IPCEI. HDF Energy е една од водечките компании во индустријата на водород, посветена на развојот ан големи проекти во областа ан водородната инфраструктура и производство на горивни ќелии со голем капацитет.