Француското архитектонско биро PAD проектираше прекрасна фасада за меѓународната јахтинг компанија Beneteau. Сместена во градот Givrand во Франција, зградата е покриена со бела перфорирана обвивка која ја штити внатрешноста од губење на енергија, и обезбедува пријатна работна атмосфера.
Софистицираната обвивка е направена од топлотно-обликуван и ултра-отпорен материјал наречен HI-Macs. Архитектите ги искористиле различните својства на овој материјал, како би ја приспособиле фасадата со големиот брановиден образец кој го претставува и логото на компанијата.
Главната зграда е во потполност обвиткана со бела фасада која личи на мрежа, и која е одделена од внатрешноста со коридори и стаклена галерија. Големите фасадни панели се прикачени за металната конструкција која ја опкружува структурата, а резултатот е фасада која обезбедува убава и приспособена обвивка за канцелариски простор, филтрирана светлина во текот на денот, и создавање пријатен работен простор.
Со избирање на таков флексибилен материјал за проектот, архитектите биле во состојба да го приспособат дизајнот за потребите на компанијата. Неправилните перфорирани дупки во брановидниот дизајн на фасадата, исто така, на проектот му дава уникатно чувство на движење и живост.