Франција стана прва земја во светот која ја забрани употребата на пластични чаши и чинии, објавија француските медиуми, додавајќи дека целосната забрана ќе стапи во сила од 2020 година.
Со законот со кој се забранува употреба на чаши и чинии од пластика, на компаниите им се остава рок од четири години да се приспособат на оваа одредба.
Со новите законски решенија во иднина приборот за јадење во Франција ќе треба да биде изработен од материјал од биолошко потекло, кој побрзо се распаѓа.
Франција веќе ја забрани употребата на пластични кеси, мерка која е воведена и во други земји во светот.