Насловна / Вести / Франција вложува 20 милијарди евра во енергетска транзиција

Франција вложува 20 милијарди евра во енергетска транзиција

Francija-energetska-tranzicija-1

Француската влада има намера да вложи околу 20 милијарди евра во енергетската транзиција. Од тој износ, девет милијарди би требало да се вложат во подобрување на енергетската ефикасност, седум милијарди во обновливи извори на енергија, а четири милијарди евра во забрзување на преминот кон „чисти“ возила.  Ова е дел од поопширен инвестициски план во вредност од 57 милијарди евра за периодот 2018-2022 на премиерот Едуар Филип, а во склоп на кој во секоја година треба да се реконструираат во енергетски ефикасни 75.000 згради.

Francija-energetska-tranzicija

Производството на енергија од обновливи извори во истиот период би требало да се зголеми за 70%, додека вложувањата во чист транспорт би биле фокусирани на патниот сообраќај и железницата, при што во сите мерки главната цел е намалување на емисиите на стакленички гасови.  Во истиот четиригодишен период, планирано е повлекување од улиците на околу 10 милиони стари возила на дизел и бензин, кои се регистрирани пред 2001 година.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top