Насловна / Вести / Франција вложува 2 милијарди евра во развој на културата на велосипедизмот

Франција вложува 2 милијарди евра во развој на културата на велосипедизмот

Владата на Франција ги објави своите планови за развој и поттикнување на велосипедизмот, кој би требало да се спроведува од 2023 до 2027 година. Идејата е да се инвестира во велосипедски патеки, да се одезбеди финансиска помош за граѓаните при купување на велосипеди, како и што помала употреба на автомобили, особено на кратки релации.

velo1

Планот има за цел да го поттикне велосипедизмот и пешачењето, низ промоција на велосипедизмот како алтернатива за други возила. Исто така, во склоп на планот потребно е да се поттикнат најмладите да се свртат кон велосипедизмот, при што целта е секоја година 850.000 деца да се научат да возат велосипед. Франција сака да воспостави вистинска велосипедска култура, и тоа е истакнато на меѓуминистерскиот одбор “Велосипедизам и пешачење“ од страна ан премиерката на Франција. Велосипедската култура има потенцијал, со оглед дека од 2017 година користењето на ова превозно средство забележува пораст од 50%. Идејата е секоја година да се вложуваат по 250 милиони евра за развој на велосипедска инфраструктура, што ќе резултира во зголемување на киломатражата на велосипедските патеки од 50.000 на 80.000 километри во 2027 година, а до 2030 година дури на 100.000 километри.

FILE PHOTO: A bike sign is pictured at the La Defense business district in Paris

Испрати коментар

Scroll To Top