Насловна / Вести / Франција станува значаен играч во областа на офшор ветерните електрани

Франција станува значаен играч во областа на офшор ветерните електрани

Француските настојувања за зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори, веќе ја етаблираат земјата како четврт по големина европски производител на енергија од офшор ветерни електрани за периодот до 2030 година. Консултантската компанија Rystad Energy, проценува дека тогаш моќноста на офшор ветерните електрани во Франција ќе изнесува  7,4 GW , и ќе се наоѓа зад Велика Британија (со околу 40 GW),  Германија (15-20 GW) и Холандија (11,5 GW).  Така, Франција ќе ги престигне Белгија и Данска кои веќе се докажани земји во производството на електрична енергија од офшор ветерни електрани, и кои до 2030 година имаат зацртано да достигнат 4, односно 5,3 GW.

“Иако Франција прилично задоцни во споредба со неколку западноевропски земји, сега се покажува дека интензивно го фаќа чекорот“ вели Alexander Fløtre, потпретседател на Rystad Energy и менаџер за офшор електрани.

france1

france2

france3

Испрати коментар

Scroll To Top