Властите во Франција, со користење на вештачка интелигенција пронашле неколку илјади приватни базени кои не биле евидентирани во системот за оданочување. Сопствениците на овие базени ќе платат даноци во вкупен износ од 10 милиони евра. Компаниите Google и Capgemini го развиле овој систем на вештачка интелигенција, со помош на кој е можно да се лоцираат базените. Системот почнал експерментално да се користи минатата година, и до денес се пронајдени 20.356 базени.
Сите градежни промени на одреден имот, што се однесува и на изградбата на базени, мора да се пријават во даночната управа во рок од 90 дена од завршувањето на изградбата. Данокот на имот е повисок за оние кои имаат базен. Се најавува дека споменатата технологија ќе се применува и за пронаоѓање на друг вид непријавен имот. Системот појавува и одредени грешки при идентификацијаата, но технологијата постојано се усовршува.