Владата на Франција најави делумна приватизација на Националното електростопанство, односно компанијата EdF (Électricité de France), а парите од продажбата ќе бидат вложени во нови нуклеарни енергетски капацитети. Францускиот енергетски гигант EdF гради нуклеарна централа во Велика Британија во вредност од 18 милијарди евра, додека за потребите на модернизацијата на постоечките 58 нуклеарни централи во Франција потребни с едополнителни 55 милијарди евра.
Француската влада најави дека со продажба на дел од своите акции, на EdF ќе му помогне со 3 милијарди евра, што ќе ја зајане компанијата без тоа да го почувствуваат граѓаните преку дополнителни давачки. Претходно, владата најави дека на сличен начин ќе обезбеди 5 милијарди евра за групацијата „Areva“ која исто така е во сопственост на државата. Франција обезбедува 75% од потребите з аенергија преку нуклеарните централи.