Насловна / Вести / Франција поттикнува возење велосипед за да ја намали можноста од зараза

Франција поттикнува возење велосипед за да ја намали можноста од зараза

Многумина во Франција планираат да возат велосипед за да не користат јавен градски превоз, кој се очекува од денес да биде преполн, кога се укинуваат некои ограничувања воведени поради пандемијата.

fr1

Во Париз луѓето стоеа во редови пред продоавници на половни велосипеди. Некои велат дека се загрижени како ќе одат на работа со метро или автобус, бидејќи стравуваат од коронавирусот.

Француската влада, сметајќи на расположението на граѓаните, а и за да го растерети јавниот градски превоз, го поттикнува користењето велосипед.

fr2

Поради тоа, привремени патеки за велосипеди се припремаат и во Париз, помеѓу останатото на автомобилите ќе им биде забрането да возат и по централната Улица де Риволи, покрај Музејот Лувр.

Исто така, француската држава, граѓаните кои користат велосипеди ќе ги субвенционира со 50 евра за нивно одржување.

Испрати коментар

Scroll To Top