Францускиот парламент минатата недела со огромно мнозинство гласови го поддржа владиниот план за вложување во нуклеарни електрани, само еден ден откако владата едвај го преживеа гласањето за доверба, во врска со планот на пензионерските реформи.
Планот за нуклеарна обнова, чија клучна точка е изградбата на шест нови нуклеарни реактори, е прифатен со 402 гласа „за“ и 130 „против“. Повеќе од половината од електричната енергија во Франција потекнува од нуклеарки. Претседателот Емануел Макрон има за цел да ја започне изградбата на првиот нуклеарен реактор од следната генерација EPR2 пред крајот на својот тор петгодишен мандат во мај 2027 година. Планот за изградба на шест нови реактори вреди 52 милијарди евра и доаѓа откако Франција претрпе повеќемесечни прекини во производството од својата постоечка флота од 56 реактори, со што производството на нуклеарна енергија е доведена до најниско ниво во последните 30 години.
Макрон се обидува да ја врати иницијативата со нови реформи, а нуклеарната енергетика е едно од прашањата околу кое нивната централистичка партија се согласува со конзервативните и со крајно десничарските партии. Инаку, Франција не се откажува од ставот сите нуклеарни технологии да можат да добијат државни субвенции за индустријата, откако ЕУ го претстави својот „Нето нула индустриски закон“, кој има двосмислени одредби во врска со нуклеарните технологии, но се изјаснува во корист на малите нуклеарни реактори.