Насловна / Вести / Франција оформи пронуклеарен блок со десет држави членки на ЕУ

Франција оформи пронуклеарен блок со десет држави членки на ЕУ

Нуклеарната енергија е еден од клучните елементи за декарбонизација во ЕУ, сметаат владите на 11 земји членки кои имаат желба да градат такви постројки. Нивното приближување дојде до израз во 2021 година, кога бараа а потоа успеаја да се изборат за вклучување на нуклеарната енергија во т.н зелена или климатска таксономија. Предводници на оваа иницијатива беа Франција и Полска. Во меѓувреме овој блок земји успеа да издејствува од Европската комисија да предложи водородот произведен со енергија од нуклеарни електрани и официјално да се смета за „зелен“ односно нискојаглероден.

pronuclear1

Владата во Париз сега сака да формира „нуклеарен сојуз“ или алијанса со другите земји од ЕУ. Имено, после состанокот на министрите за телекомуникации, сообраќај и енергетика и високите официјални претставници на ЕУ во Стокхолм, објавено е дека земјите наклонети кон нуклеарната енергетика ја потврдиле „својата желба да ја зајакнат европската соработка“ на тоа поле. Бугарија, Хрватска, Франција, Унгарија, Финска, Холандија, Полска, Чешка, Романија, Словачка и Словенија ќе се залагаат за спроведување на научни истражувања и размена на технички знаења во согласност со Договорот за Еуроатом потпишан во 1957 година. Министрите се договориле нивните сектори за нуклеарна енергија да работат заедно на унапредување на синџирите на снабдување, да организираат групни програми на обука и индустриски проекти и да ги поддржат иновативните технологии  како и работата на постоечките нуклеарки.

pro-nuclear2

 

Испрати коментар

Scroll To Top