Насловна / Вести / Франција одлучно кон енергетска транзиција

Франција одлучно кон енергетска транзиција

Мината недела именуван е новиот фанцуски министер за животна средина, Франсоа де Руги, откако досегашниот миистер, еколошкиот активист Николас Ило, неочекувано поднесе оставка. Новоименуваниот министер ќе биде задолжен за подготовка на новиот план за енергетските политики во наредните десет години. Затоа, се очекува дека министерот ќе има голем противник во најголемата француска енергетска компанија EdF која управува со 58 француски нуклеарни централи, и се обидува да ја увери владата од неопходноста за изградба на нови постројки на нуклеарен погон како алтернатива за старите. Иако екологистите во земјата не се сосема задоволни од изборот на новиот министер, претставувајќи го како „склон кон компромиси“, сепак недвосмислено се очекува тој да биде предводник во намерите на Франција за одлучни чекори во областа на обновливите извори на енергија и енергетската транзиција.

rugy

rugy2

 

Испрати коментар

Scroll To Top