Во 1948 година, познатиот моден дизајнер Кристијан Диор го ангажирал познатиот фотограф Ричард Аведон за снимање на серија фотографии за New Look. Како фотограф кој имал исклучително око за street style моменти, Аведон одлучил да ги направи новите снимки во еден сосема нов, за тогаш револуционерен израз.
Тој се тргнал од класичното позирање и ги снимил моделите во движење, и ги сместил во баровите и на улиците на Париз.
Во книгата Avedon’s France: Old World New Look се слави токму силната врска меѓу него и Париз како неисцрпна инспирација и големо влијание врз неговата работа. Некои од неговите најпознати фотографии се, секако, оние со Одри Хепберн на снимањето на филмот „Смешно лице“, Мел Ферер како позира, одличните фотографии на француската балерина Силви Гилем, како и модните кампањи за бројни француски списанија од 40-тите и 50-тите години на минатиот век.