Франција до крајот на годината ќе ја затвори најстарата нуклеарна централа, која е причина за спорови со Германија и Швајцарија, соопшти францускиот министер за екологија Емануел Кос. – Временската рамка која претседателот ми ја повтори неколку пати е 2016 година, изјави Кос, мислејќи на нуклеарната централа Фесенхајм.
Неговите коментари следеа откако германската Влада во петокот ја повикаа Франција да ја затвори нуклеарката, по медиумските информации дека инцидентот во електраната во 2014 година бил многу полош од првите соопштенија.