Насловна / Вести / Франција ја издаде својата прва „зелена“ обврзница

Франција ја издаде својата прва „зелена“ обврзница

Zelena obvrznica Francija

Франција ја издаде својата прва „зелена“ обврзница, собирајќи рекордни седум милијарди евра за финансирање на проекти во областа на обновливите извори на енергија. Обврзницата има рок на доспевање од 22 години и камата од 1,75%. Каматата е во ранг на „стандардните“ обврзници, па во таа насока францускиот министер за финансии Мишел Сапен изјави: „Ова покажува дека Франција може да финансира инвестиции во зелени проекти по иста цена по која ги издава стандардните обврзници“.

Иницијативата за овој потег  е на претседателот Франсоа Оланд, кој е главниот заговорник на водечката улога на Франција во енергетската транзиција. Посла е прва која излезе на пазарот на „зелени“ обврзници, издавајќи ја во декември 2016 обврзницата со износ од 750 милини евра. Во минатото, вакви обврзници издаваа исклучиво компаниите и финансиските институции како Светска банка.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top