Насловна / Вести / Франција: Историски план за помош на автомобилската индустрија

Франција: Историски план за помош на автомобилската индустрија

Францускиот претседател Макрон, при посетата на фабриката „Валео“ во североисточна Франција, најави дека државата ќе вложи нешто повеќе од осум милијарди евра помош за автомобилската индустрија. „Целта е да ја направиме Франција прва држава која ќе произведува „чисти“ возила во Европа, со што за пет години производството ќе се зголеми на повеќе од електрични и хибридни возила“ рекол Макрон. Тој најавил зголемување на еколошкиот бонус на 7.000 евра за купување на електричен автомобил за граѓаните, и на 5.000 евра за компаниите, како и бонус за хибриди од 2.000 евра. Предвидено е и зголемување на бонусот за купување на електричен автомобил според принципот „старо за ново“. „Станува збор за план за одбрана на работните места во овој сектор соочен со една од најтешките кризи во својата историја, односно план за иднината на автомобилите на 21-виот век“ истакнал францускиот претседател. Тој додал дека француско-германскиот план за обнова од околу 500 милијарди евра, кој неодамна го претставија заедно со канцеларката Меркел, треба да ги поддржи најзагрозените сектори, како што е токму автомобилската индустрија.

 

Испрати коментар

Scroll To Top