Во текот на посетата на претседателот на Франција, Емануел Макрон на Србија, потпишани се 12 спогодби, од кои 5 се однесуваат на критични минерални суровини, во кои спаѓа и литиум, енергетика и заштита на животната средина. Во енергетиката, договорена е соработка во врска со нуклеарната енергија и потпишан е договор за кредит за преносната мрежа. Спогодбите за заштита на животната средина, подразбираат трансфер на знаења во врска со управувањето на отпадот и изградба на постројка за пречистување на отпадни води.
Кога станува збор за нуклеарките, Србија во април потпиша Меморандум за соработка со француската државна компанија EDF, а сега и писмо за ангажирање на проценката на потенцијалот за развој на цивилната нуклеарна програма во Србија во склоп на претходно споменатиот Меморандум.