Насловна / Вести / Франција гради подводна лабораторија на длабочина од 2.450 метри

Франција гради подводна лабораторија на длабочина од 2.450 метри

Новата подводна лабораторија на целосно далечинско управување, с егради во близина ан Марсеј во Франција.  Станува збор за лабораторијата под името Laboratoire Sous-marin Provence Méditerranée (LSPM), која претставува врвна подводно истражувачка постројка сместена 40 километри јужно од Тулон.  Ова е прва лабораторија од овој вид во Европа, која всушност веќе е во функција. Опремена е со високотехнолошки научни инструменти и сензори за океанографија, геологија и физика на честички, како и за други области. Инфраструктурата е изградена на длабочина од 2.450 метри и содржи врвна научна опрема вклучувајќи Kilometer Cube Netrino Telecope (KM3NeT) неутрински детектор, кој се состои од 2.070 сфера распоредени на 115 линии усидрени на дното на океанот. Дел од платформата се EMSO сензори кои се клучни за следење на „здравјето“ на океанот.

lab1

КОга ќе биде во целост завршен, LSPM ќе има електро – оптички кабли за копнено поврзување, разводни кутии за поврзување на подводната инструментација, акустичен систем за позиционирање, разводни кутии посветени на мерките за заштита на животната средина и сл. На копното ќе се наоѓа главната контролна соба во La Sene-sur-Mer, за контрола на експериментите во реално време, собирање на податоци, брза врска со другите контролни и складишни центри, просторија за далечинско управување, изложбен простор, рецепција и мултимедијални инсталации.

lab2

На платформата ќе се наоѓа и подводен робот под името BathyBot опремен со напредни сензори кои можат да мерат различни океански параметри како што се температура, кислород, концентрација на јаглерод диоксид, моментална брзина и насока, салинитет и концентрација на честички. Како и другите инструменти на LPSМ, и овој робот далечински ќе се контролира од брегот. Исто така, ќе може да се качува по 2 метри висок вештачки гребен и ќе ги мери својствата на водата, дури и кога е оддалечен од седиментите на океанското дно. Со примена на новиот инструмент за следење на нивоата на радиоактивноста, ќе с екористи и спектрометар на гама знаци. LSPM според тврдењата на истражувачите ќе им овозможи на научниците подобро да ги разбираат различните морски феномени.

lab3

 

Испрати коментар

Scroll To Top