На подрачјето на Нормандија треба да се гради нова француска електрична централа на плима и осека со моќност од дури 200МW. Договорот го потпишале претставниците на регионот Нормандија и британската енергетска компанија SIMAC Atlantic Energy (поранешна Atlantis Resources). Во согласност со тоа, основана е компанијата Normandie Hydrolienne која ќе изгради постројка за искористување на енергијата на плимата и осеката на подрачјето на Raz Blanchard. Постројката би требало во првата фаза, чија реализација е планирано да заврши до крајот на 2021 година, да има 20 турбини со поединечна моќност од 2 MW,. Потоа, планирано е ширење на проектот на моќност од 200 MW до 2023 година.