Насловна / Вести / Франција го национализира најголемиот производител на електрична енергија во земјата

Франција го национализира најголемиот производител на електрична енергија во земјата

Француската влада ја заврши национализацијата на најголемата енергетска компанија во земјата, EDF, при што компанијата официјално е тргната од Париската берза. Превземањето следуваше откако компанијата претрпе рекордна загуба минатата година, со производство од нуклераки на најниско ниво во последните 34 години. На крајот на 2022 година, Франција започна со откуп на 16% удел во EDF, нудејќи околу 10 милијарди евра за да превземе целосна контрола над оваа компанија оптоварена со долгови. Француската држава дотогаш веќе поседувала речиси 84% од EDF, додека 15% биле во рацете на приватни акционери, а 1% во сопственост на вработените во компанијата.

edfnat1

Франција произведува околу 70% од својата електрична енергија од вкупно 56 нуклеарни реактори, со кои управува EDF. Но, најголемиот број од нив во минатите две години се соочија со проблеми во функционирањето поради неадекватно одржување, а високите температури минатото лето исто така придонесоа за пад на производството (недоволно вода за ладење). Тоа доведе до драматичен пораст на цената на електричната енергија во Франција минатата година, така што EDF мораше да купува енергија со цел да го компензира пониското производство.

edfnat2

 

Испрати коментар

Scroll To Top