Насловна / Вести / Франција ги забрани домашните летови на кратки релации

Франција ги забрани домашните летови на кратки релации

Франција со закон ги забрани домашните кратки летови, онаму каде постојат алтернативи за патување со железница, а со цел да ги намали емисиите на стакленички гасови од сообраќајот. Законот стапи на сила две години откако парламентот изгласа укинување на рутите за кои истото патување со воз може да се реализира за помалку од два и пол часа.

interdit1

Критичарите ги опишуваат овие најнови мерки како „симболични забрани“. Laurent Donceel, привремениот челник на индустриската група Airlines for Europe (A4E), рекол дека забраната на овие патувања ќе има само минимален учинок врз емисиите на стакленички гасови. Тој додал дека наместо тоа владите би требало да поддржат „реални и значајни решенија“ за овој проблем кој ги забрзува климатските промени.

interdit2

Француската влада беше соочена со повици за воведување на уште построги правила. Француската граѓанска конвенција за климата, која вклучила и 150 истакнати јавни личности, предложила укинување на птувањата со авион онаму каде патувањето со воз е пократко од четири часа. Но, ова е намалено на два и пол часа после преговорите со некои од регионите, како и со авиокомпанијата Air France-KLM.

interdit3

Испрати коментар

Scroll To Top