Францускиот министер за сообраќај Clément Beaune, изјавил дека е подготвен на состанокот на министрите за сообраќај на ЕУ закажан за октомври, на дневен ред да стави предлог за забрана на приватните летови со млазни авиони во Унијата, откако тамошната јавност остро реагираше на податоците за штетните емисии чиј извор се млазњаците на француските богаташи. Во своето интервју за Le Parisien, тој појаснил дека ЕУ мора да делува единствено по ова прашање, со цел да се обезбеди да важат истите правила во сите земји членки и ефектот да биде максимален. Неформалниот состанок на министрите за сообраќај во ЕУ е планиран за 20 и 21-ви октомври во Прага.
Во последниот период на социјалните мрежи се појавија коментари во врска со патувањата на француските богаташи со нивните приватни авиони. Само еден авион на еден париски конгломерат, извел три лета во еден ден и генерирал 22 тони јаглерод диоксид. Од друга страна пак, ваквиот начин на транспорт има драстигно високи емисиии сметано по патник. Токму под притисок на јавноста а особено еколошките активисти, Франција го повлекува овој потег, за да не и се припише дека постојат различни правила за најбогатите и за сите останати.