Компанијата Panasonic започна со производство на фотоволтаични модули со моќност од 180W, кои се наменети за поставување на покривите од автомобилите. Всушност, компанијата уште во февруари 2017 најави дека првите такви модули ќе бидат поставени на Toyota Prius, веројатно најпознатите хибридни автомобили на светот. Согласно на тоа ветување, до крајот на април 2017 компанијата Toyota, на јапонскиот пазар продала 1350 Prius автомобили со фотоволтаични модули на покривот.
Тоа е околу 9% од вкупно продадените возила од оваа марка во Јапонија во тој месец. Иако овој систем не е наменет за погон на возилото, туку за споредната потрошувачка, сепак врз основа на досегашните истражувања овие возила би можеле да поминат 2,9 – 6,1 km само со користење на ова споредно напојување. Производството на фотоволтаични ќелии и модули за поставување на возилата се смета за пазарно исплатлива, со оглед на фактот дека кинеските потрошувачи ги спуштија цените на стандардните фотоволтаични ќелии на најниско ниво.
Истовремено, Panasonic е партнер на најголемиот американски производител на електрични возила Tesla Motors во нивниот заеднички проект Gigafactory, па челникот на Тесла, Илон Маск во ноември 2016 најави дека Tesla Model 3 би можел да се произведува со фотоволтаични модули на покривот.
Но, уште еден светски познат производител на електрични возила, Nissan, ја понуди оваа можност за својот електричен модел Leaf, и тоа со цел овозможување на напојување на потрошувачите на возилото (радио, клима и сл.)