Насловна / Архитектура / Фотоволтаична фасада во боја за новото седиште на „Доктори без граници“

Фотоволтаична фасада во боја за новото седиште на „Доктори без граници“

steven-holl-geneva-operational-center-doctors-without-borders-designboom-1800

Организацијата „Доктори без граници“  (Médecins Sans Frontières) ја одбра фирмата  Steven Holl Architects  во соработка со Rüssli Architekten, за проектирање на новиот оперативен центар во Женева.  Победничкото решение е избрано на меѓународен конкурс, а се работи за иновативен фасаден систем од фотоволтаични модули во боја, што овозможува извонредна енергетска ефикасност и флексибилен работен простор з а250те вработени.

MSF_StreetView_SHAandRA

Проектот доби алтернативно име „Бои на хуманоста“, и фокусиран е на поттикнување на интеракција, работа во мали групи, како и поблиска комуникација преку малите простори за неформално дружење за време на паузите.

MSF_OfficeView

Фотоволтаичните панели освен на обвивката од објектот, ќе бидат поставени и на покривот каде исто така планирана е и градина. Фотоволтаиците ќе овозможат генерирање на енергија еквивалентна на 72% од потребите на објектот. Изведбата на овој проект е планирана за пролетта 2019.

MSF_FoyerView_SHAandRA

MSF_FoyerDiagram

Испрати коментар

Scroll To Top