Покрај првата серија официјални портети на доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, го фотографирал и во секојдневни ситуации, како се одмара на трева, си игра со кучињата или зборува со животните во Зоо паркот на Бриони.
Стеван Крагујевиќ (Сента 1922 – Белград 2002) е еден од најзначајните југословенски и српски фоторепортери. Верен на професијата, оставил опус кој брои стотини илјади фоторепортерски записи од историска вредност.
Стеван Крагујевиќ
Уште како 14 годишно момче почнал да се обучува за фото-занает и оттогаш почнало неговото дружење со фотоапаратот, кое не претсанало цели 66 години. Никогаш не се одвојувал од опремата, а останал верен на фотографијата и кога заминал во пензија, неговото око и натаму регистрирало се.
Како репортер акредитиран во Народното собрание, создал богат фонд на фотографии кои претставуваат хроника на политичкиот и културен живот на втората половина на 20. век во Југославија. Во низата антологиски снимки е и првата серија официјални портерти на Јосип Броз Тито од 1949. и 1950. година, а секако и многу фотографии од Тито во неформални моменти.
Тито вари кафе на Бриони
Крагујевиќ не бил официјален фотограф на Тито, но по работна задача ги следел неговите активности и така бил во можност да направи снимки од секојдневниот живот на претседателот.
Бил одличен портретиста, има негова колекција фотографии од многу политичари кои ја одбележале втората половина на минатиот век, но имал око и за драматични случувања, како што се студентските протести, земјотресот во Скопје или поплавата во Сента, како и за она што се однесувало на животот во градот и улицата.
англиската кралица Елизабета и Тито
Неговиот богат опус содржи и фотографии на големи ѕвезди како Орсон Велс, Ален Делон, Жерар Филип, Јул Бринер, Елизабет Теклор, писателот Иво Андриќ и други.
Суботица, 1967
Коча Поповиќ и Тито
Хо Ши Мин, Тито и Едвард Кардељ
Тито и Георги Дез
постеа на Крушевац, 1961
Крушевац, 1961, Тито, Добрица Ќосиќ
Тито и пионерите