Насловна / Вести / Фотографија од Шангај има вкупно 195 милијарди пиксели

Фотографија од Шангај има вкупно 195 милијарди пиксели

Фотографија на Шангај со огромна резолуција направена е од стране на Jingkun Technology, иновативна компанија од светска класа која се фокусира на креативна фотографија и обработка на податоци. 360-степени панорамска фотографија на Шангај компанијата ја направила од кулата Oriental Pearl Tower кога во 2015 година Шангајската новинска агенција ги повикала да го фотографираат градот.
Според званичниот сајт на компанијата фотографијата има вкупно 195 милијарди пиксели! Прикажувајќи ја убавината на Шангаја, фотографијата е најголема во Азија и трета слика по големина во светот.
Проектот привлекол големо внимание ширум светот и имал 8,2 милиони посети за една година. Фотографијата сега се користи како нова „градска карта“.

1
Панорамската фотографија е збирка фотографии споени заедно, а компанијата може да се пофали дека е 2000 пати попрецизна од фотографија снимена со традиционален фотоапарат. Не е користен ниту еден сателит за снимање на оваа слика. Наместо тоа, ова е производ на камера со висока резолуција и технологија.
Несомнено дека фотографијата е забавна, но истовремено и загрижувачка. Јаснотијата со која се фаќаат опкружувањето и деталите повлекува многу прашања за приватноста на луѓето.
Можно е технологијата која се користи да падне во погрешни раце и може да се користи за надзор на се и сешто. Замислете удобно да седите во својата канцеларија и да не сте свесни на фактот дека напредна камера ве фаќа од неколку стотици километри одалеченост.
Кина веќе примила поплаки од многу луѓе фокусирани на проватност, за развитокот на напредните технологии, наменети за надзор на граѓаните. Неодамна камерите за надзор на улиците во Шенџен биле опремени со технологија на препознавање лица.
Да го видите Шангај и се импресионирате можете тука.

Испрати коментар

Scroll To Top