-->
-->
Насловна / Вести / Фотографија на Новак Ѓоковиќ најдобра во 2024 година

Фотографија на Новак Ѓоковиќ најдобра во 2024 година

Оваа фотографија на Новак Ѓоковиќ од Централниот терен на Вимблдон е прогласена за IMAGO фотографија на годината за 2024 година.

Снимката е на спортската фоторепортерка Клои Нот којa го фотографирала момент од меч на Новак Ѓоковиќ на Централниот терен на комплексот Вимблдон минатото лето.

Станува збор за избор на Здружението на уредници на слики на Обединетото Кралство, а петчленото жири кое ги издвои 15-те највпечатливи кадри на годината го предводеше Џејсон Грин, уредник на фотографии во Дејли и Сандеј Телеграф.

„Нејзината фотографија на која е фотографиран Новак Ѓоковиќ на Централниот терен на Вимблдон, издвоена е во потесниот избор на уреднички фотографии и освои повеќе од 60 отсто од гласовите“, објави германската агенција IMAGO, која ги понуди фотографиите за овој конкурс.

Клои Нот „уловила“ необичен момент на прекршување на светлината, а фотографијата изгледа толку нереално што наведе многумина да помислат дека се работи за фотомонтажа.

Може да се каже дека 37-годишниот Србин е многу фотогеничен затоа што на последниот ден од 2024 година Би-Би-Си ја вклучи фотографијата на Ѓоковиќ од финалето на Олимписките игри во Париз, на кое го победи Шпанецот Карлос Алкараз, меѓу најдобрите 24 за минатата година.

Испрати коментар

Scroll To Top