Секоја година УНИЦЕФ Германија доделува награда за фотографија на годината и серија фотографии кои на извонреден начин ги покажуваат ликовите и условите на живот на децата низ целиот свет. Победникот за 2019 година е германскиот фотограф Hartmut Schwarzbach со фотографија снимена на Филипини.
Фотографијата прикажува деца како со голи раце во вода до колена, собираат ѓубре од пристаниште во нивниот кварт Тондо, дел на претстолнината Манила. Со малку среќа, на овој начин заработуваат 90 евроценти дневно. Тондо е најголемо гето на сиромашните во земјата, каде 70.000 луѓе живеат на еден квадратен километар во импровизирани, трошни градби, без вода и струја, изложени на разни зарази.
© Hartmut Schwarzbach, Germany (Argus Photo Agency)