Францускиот фотограф Jonathan „Joнк“ Jimenez поминал скоро 5.000 километри возејќи низ поранешните републики на СФРЈ, како би ги забележал монументалните споменици кои обележаа една цела епоха позади нас.
Познато ни е дека овие споменици се паднати во заборав, ретки од нив се посетувани, воглавном оние кои се на туристички места. Меѓутоа по изложбата во МоМА (нели секогаш друг треба да ни каже колку вредиме), овие споменици повторно се во центарот на интересирањата.
Овие масивни конструкции пред кој не може да се остане рамнодушен, подигнати се во 60-тите и 70-тите години на минатиот век за време на Јосип Броз Тито. Тие ја симболизирале борбата на народот против фашизмот и германската окупација во Втората светска војна. Иако ги создале различни вајари и архитекти како Војин Бакиќ, Петар Муличковски, Богдан Богдановиќ или Душан Џамоња, сите тие се подигнати за да оддадат почит на жртвите кои настрадале во познатите битки или во логорите на смртта. Своевремено биле многу посетувани, но во текот на 90-тите години паднаа во заборав, забот на времето го направил своето, па состојбата на овие фантастични структури е мошне нарушена. Иако ги има и оние за кои се води грижа, поголем број од спомениците имаат видни оштетувања. Некои се соголени до арматура, некои се упропастени со графити или им паѓа фасадата.
Францускиот фотограф Јонк низ своите фотографии сакал да го долови сјајот и бедата на овие монументални споменици, а потоа, инспириран од она што го видел и забележал, издал книга со наслов „ Spomeniks“. Книгата можете да ја погледнете овде, а во продолжение некои од неговите фотографии.
Космај, Србија
Зеница, Босна и Херцеговина
Сански Мост, Босна и Херцеговина
Грмеч, Босна и Херцеговина
Козара, Босна и Херцеговина
Јасеновац, Хрватска
Подгариќ, Хрватска
Ниш, Србија
Петрова Гора, Хрватска
Илирска Бистрица, Словенија
Плесо, Хрватска
Глигино Брдо, Босна и Херцеговина
Медено поље, Босна и Херцеговина
Бравско, Босна и Херцеговина
Вогошќа, Босна и Херцеговина
Братунац, Босна и Херцеговина
Брезовица, Србија
Гевгелија, Македонија
Кавадарци, Македонија
Барутана, Црна Гора
Косовска Митровица, Србија
Тјентиште, Босна и Херцеговина
Кадињача, Србија