Античкиот град Палмира, поранешниот главен град на империјата, симбол на отпорот кон Рим, повеќевековен меѓународен центар за трговија, повторно е во центарот на вниманието. По протерувањето на ИСИС од овој град, кој е под заштита на УНЕСКО, археолозите ја проценуваат штетата.
Според првичните информации, не е целосно уништен древниот град како што се стравуваше.
Храм Бел (пред и потоа)
Двата големи храма Бел и Баал Шамин се во потполност уништени. Фотографиите покажуваат дека главниот храм е избришан, но се уште не е јасно дали некои од овие урнатини некои елементи можат да се обноват. Уништени се и неколку антички гробници.
Триумфалната капија (пред и потоа)
Монументалните камени блокови од големиот римски лак се недопрени, но се чека реконструкција. Остана недопрен и спектакуларниот римски театар, веројатно затоа што ИСИС го користиле за јавни егзекуции и погубувања.
Музеј (пред и потоа)
Еден тим на експерти од одделение за антиквитети и музеи ќе процени каква е ситуацијата во Палмира, но дури по отстранувањето на бомбите што ги поставиле членовите на ИСИС пред да го изгубат градот.
Нивното уништување очигледно било методичко и планирано, а во основа се работи за спротиставување на било која религиозна скулптура што тие ја сметаат за еретичка.
Денешна Палмира кои низ вековите претрпела многу и повеќе пати била уништена, ја продолжува својата традиција долга 10.000 години и продолжува да го восхитува светот со своите вредности.