Фотографиите од дрон на Џони Милер ја откриваат драматичната поделба меѓу богатите и сиромашните во градовите во светот.
Џони Милер е новинар, фотограф, активист и раскажувач на мултимедијални приказни со седиште во Кејптаун, Јужна Африка. Заинтересиран е за истражувања во сферата на архитектурата, раселувањето, урбаните прашања и климатската правда од земја и од воздух.
Кејптаун
Економската нееднаквост низ целиот свет, а особено во земјите во развој, честопати е скриена зад sидови или сместена во заборавени делови на градот. Милер во април 2016 година го започнал проектот „Нееднакви сцени“ (Unequal Scenes), кој се уште трае, за да го оспори прифаќањето на нееднаквоста од страна на луѓето. Тој користејќи дрон направил фотографии од градовите ширум светот кој се од витално значење за борба против она што го опишува како „клучен предизвик на нашето време“. Милер за своите фотографии вели: „Оваа скриена нееднаквост ја ставив во центарот на вниманието, и со тоа што стана релевантна и неизбежна, помогна да придонесам за поголемо разбирање за тоа како изгледа нееднаквоста, како да се објасни, и се надевам дека ќе поттикне желба за обид тоа да се поправи“.
Дурбан
Јоханесбург
Фотографот од Јужна Африка вели: „Од моментот кога ќе слетате во Кејптаун, опкружени сте со колиби. Буквално, лимени колиби го опкружуваат аеродромот, покрај кои треба да го возите околу 10 минути, додека не стигнете до побогатите предградија каде живеат привилегирани луѓе (вклучително и јас)“.
Кејптаун
Минеаполис
Милер смета дека за постоечката нееднаквост во светот мора да се сврти вниманието на масите и дека неговите фотографии помагаат во осветлувањето на овие поделби и ја буди совеста на оние кои живеат од „привилегираната“ страна на оградата.
Бело Хоризонте
Танзаниа
Санта Фе, Мексико Сити
Сао Паоло
Тембиса
Намибија
Мумбај
Сиетл
Сан Франциско
Јоханесбург
Најроби
Питермарицбург
Детроит
Кејптаун
Јоханесбург