Човековиот вид е единствениот што го менува светот според сопствената желба. Изградбата, пак, на разни зданија е резултат на пасијата да се креира. Погледнете преку презентираните фотографии како човекот го трансформира светот (на подобро или полошо).
Дали навистина ја разбираме големината на сите овие промени? Некои од највпечатливите фотографии потекнуваат од сателитските снимки, кои Бенџамин Грант ги објавува преку својот инстаграм профил под името Daily Overview уште од 2014 година. Грант користи фотографии направени преку DigitalGlobe, кој обезбедува податоци за Google Earth.
По вниманието што го привлече на Инстаграм, Грант подготви книга со најдобрите фотографии под името Overview, објавена од Amphoto Books, со цел да ја прикаже еволуцијата на Земјата предизвикана од човекот, во земјоделството, индустријата, архитектурата и други области.
Термосоларна централа во Севилја, Шпанија
Триумфална капија, Париз (L’Etoile)
Плантажи со лалиња, Lisse, Холандија
Плажата Ипанема, Бразил
Централ Парк, Њујорк
Водопадите на Нијагара, САД
Венеција
Бегалски камп во Дадаб, Кенија
Населба во Барселона
Меѓународниот аеродром во Ријад, Саудијска Арабија
Палманова, Италија