Под водство на архитектонската мрежа MEAN од Блискиот Исток, создадена е фотелјата MAWJ 3D, која ги истражува можностите на современата роботика.
Идејата за дизајнирање и производство на мебел по нарачка со помош на 3Д печатење постои долго време, а примерот на оваа фотелја ги прикажува сите предности. Фотелјата се карактеризира со континуиран принт, изработен со 3Д техника, од страна содебелина од само шест милиметри. За нејзина изработка користени се напредни пластични полимери.
Изведена од арапскиот збор mawj, што значи бран, брановиден, остар, фотелјата се однесува на брановидни модели на аквамарин зелената површина, која потсетува на арапските мориња. Нејзините димензии се позајмени од пропорциите на лежалката Eames, додека низа дизајнерски интеракции го формираат обликот на самата фотелја користејќи алгоритамски процеси на дизајнирање.
Серија линии кои се движат во просторот формираат слоеви за 3Д печатење во еден слој. Линиите прогресивно формираат синусоидни криви додека се обвиткуваат околу формата. На секој втор слој кривината се врти до негативна вредност што генерира шема на ткаење што прави поголеми бранови на површината.
Моделот помага структурата да биде доволно цврста, создавајќи единствена естетска карактеристика, која всушност природно се појавува како резултат на параметарското моделирање на столот. По низата прототипови, вниманието на деталите при креирањето на оваа фотелја довело до конечниот резултат. Моделот на фотелјата избледува кон рабовите, а се интензивира на врвот, избегнувајќи ги областите каде што се потпира грбот. Моделот, исто така, постојано се обвиткува околу брановидната површина, двојно закривена за да и обезбеди на фотелјата структурна стабилност.