Тешко е да се одлучи за вистинскиот опис на ова интересно парче мебел, бидејќи во еден момент делува како фотелја што станува кревет, а во друг изгледа како кревет што се претвора во фотелја. Модуларниот мебел дефинитивно е во тренд, особено оној што нуди дури четири различни положби за лежење, се со цел да се постигне максимална удобност на корисникот.
Интересно е да се напомене дека првичната верзија на оваа фотелја-кревет е дизајнирана уште во 1992 година. Неговиот наследник, наречен Polet (мешавина од два италијански зборови кои, сосема логично, значат фотелја и кревет), ја збогати и ја подобри својата постара верзија и ја претстави на Миланската недела на дизајн.
Polet е специфичен по тоа што функционира како и секој друг стол додека се работи на лаптоп, така што следниот момент, кога корисникот сака, може да стане кревет и овозможува да се легне на сонце. Се заснова на цврста букова структура, со црна лакирана завршница и спој од месинг, а освен што се претвора во кревет, заедничкиот механизам на столот му овозможува на корисникот да се смести во уште две релаксирачки позиции.
Креветот со фотелја или фотелја со кревет има висок грб кој е погоден и за надворешна употреба и за затворен простор. Лесно се вклопува со околината и доаѓа во неколку комбинации на бои, од лимон жолта до впечатлива розова боја.