Насловна / Архитектура / Foster+Partners победник на конкурсот за проектирање на Централната станица во Стокхолм

Foster+Partners победник на конкурсот за проектирање на Централната станица во Стокхолм

Тимот на Foster + Partners во соработка со Marge Arkitekter се победници на конкурсот за реконструирање на Централната станица во Стокхолм, најголемиот транспортен капацитет во Шведска. Победничкиот концепт има за цел обединување на неколку начини на транспорт под еден интегриран јазол, со приоритет на движењето на пешаците и создавање на нов урбан кварт со мешовита намена кој ќе ја комбинира старата и новата архитектура.

centralstation1

centralstation2

Изградена во 1871 година, оваа станица сега опслужува многу повеќе патници отколку во тоа време. Дополнително на тоа, идните планови на градот вклучуваат и зголемување на бројот на возови, што исто така ја забрзува потребата од реконструкција и модернизирање на просторот. Победничкиот мастер план вклучува поврзување на источниот и западниот дел на градот без нарушување на историското јадро, нов јавен плоштад и сл. Најважно е дека мастер планот обединува четири начини на транспорт во единствена интермодална станица.

centralstation3

 

Испрати коментар

Scroll To Top