Насловна / Архитектура / Foster + Partners и BIG ќе ја ревитализираат турската област Хатај оштетена од земјотресот

Foster + Partners и BIG ќе ја ревитализираат турската област Хатај оштетена од земјотресот

Турскиот совет за проектирање собра 13 проектантски компании, вклучително и светски познати бироа како што се Foster + Partners и Bjarke Ingels Group, за да придонесат за ревитализација на историската провинција Хатај, област која е тешко оштетена од земјотресот со јачина од 7,8 степени по Рихтерова скала во февруари оваа година.

Фирмата на Норман Фостер е избрана да го предводи проектирањето и развојот на нов мастер план за Антакија, додека неколку други пракси, вклучувајќи ги DB Architects и KEYM (Центар за урбана обнова) од Турција, ќе работат заедно за да создадат визија за обновување на град, познат во антиката како Антиохија. Мастер планот се очекува да биде целосно откриен во 2024 година.

т3

Создавање поотпорен и поодржлив град

Се проценува дека околу 80 отсто од Антакија се уништени како резултат на разорниот земјотрес, а овој историски град, кој е и главен град на провинцијата Хатај, беше опишуван како мозаик од археолошки локалитети и историски верски знаменитости.

Планираните интервенции имаат за цел да создадат поотпорен и поодржлив град, притоа зачувувајќи го неговото културно наследство и идентитет стари 2.300 години, вклучувајќи две локации од особено значење – Seleukeia Pieria и Antiokheia.

т1

Плановите, исто така, вклучуваат реставрација на важни места како што се Узун чаршија, цркви, џамии, бањи и синагоги, кои се белег на Антакија и кои говорат за толеранцијата и инклузивноста на градот. Исто така, во планот ќе бидат вклучени и природните карактеристики, како што се бреговите на реката Аси.

Низ вековите, областа Хатај неколку пати била сериозно погодена од земјотреси, но ова место во модерното време сè уште претставува важна сообраќајна врска помеѓу Сирија и повеќе делови на Турција.

т4

По 6. февруари 2023. година, кога се случи земјотресот, преземени се бројни напори за да се обезбеди помош на десетиците илјади раселени лица, како и да се обноват загрозените објекти.

Така и планирањето за ревитализација е поддржано од турското Министерство за животна средина, урбанистичко планирање и климатски промени, како и од Министерството за култура и туризам.

т5

Пристап подреден на пешаците

Со оглед на тоа дека околу 80 отсто од градот е уништен по земјотресот, еден од основачите на праксата DB Architecture, Bünyamin Derman, истакнува дека областа Хатај е ставена во единствена положба и дека нејзините археолошки и верски објекти бараат посебно урбанистичко планирање, кое треба да се комбинира со создавање на самодоволни и отпорни структури.

т2

„Бидејќи градот е внатре во ѕидини, на Антакија и е потребен пристап подреден на пешаците. Нашето планирање ќе биде насочено околу вода, шумарство, одгледување маслинки и сточарство, додека во исто време ќе се справуваме со предизвиците на глобалното затоплување, а кое се однесува на проблемите со поплавите, па така потребно е и реструктуирање на речните корита“, изјави Derman за ArchDaily.

Испрати коментар

Scroll To Top