Marina Tower ќе биде првиот зелен облакодер во Грција кој е двојно повисок од сегашниот рекордер.
Објектот Marina Tower, осмислен како круна на развојниот план Agios Kosmas Marina, на местото на поранешниот меѓународен аеродром во Атина, ќе достигне висина од 200 метри и ќе стане новата највисока зграда во Грција.
Проектот е потпишан од познатото биро Foster + Partners, а откако ќе се реализира, ќе биде скоро двојно поголем од сегашниот рекордер во височина во земјата, објектот Athens Tower 1 висок 103 метри, кој го проектирал Ioannis Vikelas.
Планирано Marina Tower да биде покриен со зеленило, а архитектите истакнуваат дека зградата со тоа ќе стане „првата зелена висококатница“ во Грција.
Објектот ќе има 200 апартмани организирани на 45 ката, кои ќе имаат двојна ориентација со цел на сите да им овозможи непречен поглед на крајбрежјето, но и природно осветлување и проветрување на просториите.
Во екстериерот, објектот ќе се карактеризира со елегантна форма, прекриена со зеленило, и како што наведуваат авторите за Dezeen, „проектирана на начин да се претопи со посебниот карактер на медитеранскиот пејзаж“.
Зелен облакодер
Според архитектите, облакодерот е проектиран како „една од најзелените згради во светот и претставува модел на одржлив дизајн“. Меѓутоа, деталите кои говорат за тоа како ќе се воспостави планот ќе бидат откриени накнадно, но архитектите објасниле дека ќе работат со најдобрите еколошки практики и најсовремените меѓународни безбедносни протоколи, истовремено користејќи еколошки прифатливи градежни материјали.
Наместо аеродромот
Marina Tower е еден од објектите кој се работи по нарачка на Lamda Development, како дел од мастер-проектот Ellinikon, кој ќе опфати 300 хектари земја. Со проектот Ellinikon ќе го трансформира местото на поранешниот аеродром во низ квартови со уште пет високи згради, како и голем парк на брегот. Предвидено е зградата Marina Tower да биде отворена за пет години.
„Мастер планот Ellinikon дава нов правец на урбаниот развој во Атина, обединувајќи нови начини на живеење, работа и дружење, каде сите се фокусирани на градскиот парк, голем и удобен простор прикладен за локалните заедници, како и целиот град Атина “, изјавила Antoinette Nassopoulos-Erickson, сениор партнер во Foster + Partners.
А погледот на Партенон?
Во Атина постои ограничување за висината на објектите, која не смее да надмине 12 ката, за да не се блокира погледот кон Партенонот. Меѓутоа, постојат неколку исклучоци меѓу кои ќе биде и Marina Tower, бидејќи се гради во предградието на грчката престолнина.