Насловна / Вести / Foster + Partners го претстави првиот Apple Store во Индија

Foster + Partners го претстави првиот Apple Store во Индија

Британското архитектонско биро Foster + Partners го претстави неодамна отворениот Apple Store во Индија, кој има таван направен од 450.000 парчиња даб.

2

Apple BKC зазема истакнат агол на комплексот Bandra Kurla, канцелариски и трговски центар во Мумбај, и е првата продавница на технолошкиот бренд во земјата.

РЕФЛЕКСИЈА НА КРЕАТИВНИОТ ДУХ НА МУМБАЈ

„Одушевени сме што имавме можност да соработуваме со Apple на нивната прва продавница во Индија. Имавме идеја дека Apple BKC го одразува креативниот дух на Мумбај“, изјави за Dezeen Стефан Блинг, шеф на студио во Foster + Partners.

1

Така, дизајнот вклучува употреба на фино изработени елементи, материјали од локално потекло, како и присуство на бујно зеленило, со идеја да се стимулираат сетилата и да се подигне расположението, објасни архитектот.

Продажниот простор, организиран на триаголна основа, ограден е со две стаклени прегради високи осум метри, кои овозможуваат сончевата светлина да навлезе во просторот со двојна висина.

3

Во главниот простор на продавницата се организирани редови на изложбени маси, додека долж фасадата се поставени високи растенија, чии масивни саксии служат како седишта.

Интересни скали изработени од нерѓосувачки челик, со две стаклени балустради долги 14 метри, водат до нивото на меѓукатот, од каде се пружа поглед на продажниот простор.

4

ЅИДОВИ ОД КАМЕН ОД РАЏАСТАН

Според зборовите на архитектот, целта на дизајнот на ентериерот на продавницата била да се претстави симбиоза на единсѕвениот дизајнерски пристап на Apple со фино изработени внатрешни елементи и локални материјали.

Ѕидовите на продавницата кои не се стаклени се изработени од камен кој потекнува од Раџастан, а благодарение на својата фина зрнеста текстурата, успеале да ја доловат текстурата на луксузната ткаенина Georgette.

5

Просторот на продавницата е наткриен со кров, кој делува како настрешница, а изведен е од 450.000 рачно изработени елементи, кои потоа се формирани во 1.000 триаголни панели.

Панелите се организирани така да изгледаат како мрежа, со што алудираат на работата на ткајачите на ратан од Мумбај.

„Apple BKC е одраз на енергичната култура на Мумбај, а го носи и најдоброто од Apple, сето тоа во прекрасен и пријатен простор наменет за собирање на заедницата“, вели потпретседателката за малопродажба на Apple, Дирдри О’Брајан.

Испрати коментар

Scroll To Top