Насловна / Архитектура / Foster + Partners го претстави павилјонот на Саудиска Арабија за Експо 2025 во Осака

Foster + Partners го претстави павилјонот на Саудиска Арабија за Експо 2025 во Осака

Foster + Partners неодамна ги претстави првите визуелни слики кои го прикажуваат проектот на павилјонот на Саудиска Арабија за World Expo 2025, кој ќе се одржи од 13. април до 13. октомври 2025 година во јапонскиот град Осака.

Сместен на брегот на вештачкиот остров Yumeshima, Саудискиот павилјон создава просторно искуство што го одразува истражувањето на пустината, како и на градовите на ова кралството, а исто така пружа опкружување за воспоставување на извонреден аудио-визуелен ангажман.

3

Стимулација на сите сетила

„Павилјонот ги води посетителите низ патување полно со откритија и случајни средби, слој по слој, сликајќи ја живописната слика на културата на Саудиска Арабија. Нашиот проект си поигрува со размерот, светлината, звукот и текстурата за да ги стимулира сите сетила, притоа прикажувајќи некои од најиновативните и највозбудливите случувања во земјата“, изјави за Designboom Лук Фокс, шеф на студиото во Foster + Partners.

2

Проектот на павилјонот на Саудиска Арабија во многу нешта наликува на органските форми на традиционалните саудиски села. Архитектите внимателно ги проектирале формите, користејќи компјутерски симулации за динамика на флуиди за да овозможат на студени ветрови од запад да навлезат низ улиците во текот на летото. Во постудените месеци, од април до октомври, уеденото предворје делува како бариера за заштита на павилјонот од острите северни ветрови.

4

Посетителите ќе влегуваат во павилјонот преку зелено лоби, засадено со репрезентативната флора на Саудиска Арабија, и ќе продолжат да шетаат низ тесните улички кои водат до Саудискиот двор, кој е срцето на целата структура. Овој двор овозможува моменти на мир и непречено размислување во текот на денот, а навечер се претвора во место за организирање на разни настани и претстави.

5

Осветлување кое штеди енергија

Павилјонот ќе биде изведен од материјали со ниска содржина на јаглерод, а се планира и осветлување кое штеди енергија, како и рециклирање на дождовница и фотоволтаична технологија. Проектот има за цел да постигне највисоко ниво на јапонскиот систем за оценување на зелените згради и е на пат да постигне нулта емисии на јаглерод.

7

„Создавањето наследство за павилјонот, за периодот по завршувањето на Експо 2025, беше централна точка на процесот на проектирање. Облогата на конструкцијата направена е од лесен саудиски камен, а структурата е проектирана ефикасно да се деконструира и повторно состави, или целосно реконфигурира за да ги исполни различните барања на идната локација“, вели Тони Мики, партнер во архитектонската пракса на Сер Норман Фостер.

6

Испрати коментар

Scroll To Top