Насловна / Архитектура / Фостер го претстави проектот за највисоката „целосно електрична кула“ во Њујорк

Фостер го претстави проектот за највисоката „целосно електрична кула“ во Њујорк

Foster + Partners ги претстави рендерите за новото глобално седиште на финансиската групација JPMorgan Chase, кое ќе биде сместено на Менхетен и тоа на место на Union Carbide Building проектирана од SOM, а чие уривање беше планирано за периодот помеѓу 2019 и 2022 година.

06_resize

Проектот е обелоденет само неколку месеци по усвојувањето на законот во Њујорк со кој од следната година се ограничува употребата на фосилни горива во сите нови станбени и деловни објекти, а од компанијата на Норман Фостер најавуваат дека нивната кула ќе биде најголемата целосно електрична (all-electric) зграда во градот.

Облакодерот, кој ќе се наоѓа на адреса 270 Park Avenue, ќе има net-zero емисија и целосно ќе се напојува со обновлива енергија од хидроелектраната во државата Њујорк, а со своите 60 ката ќе достигне висина од 423 метри.

02_resize

Шпил карти што се стеснува

Дизајнот го прикажува планирањето на структурата на кулата преку систем на праволиниски форми поставени меѓусебно како шпил карти што се стеснува како што објектот станува повисок.

Стаклените фасади ќе бидат поврзани со метални елементи долж рабовите, а ширината на праволиниските волумени ќе биде испресечена со решетки во облик на дијаманти.

„Со подигање на зградата на околу 24 метри од нивото на теренот, овозможивме проширување на погледот од влезот во Park Avenue до Madison Avenue“, изјавија за Dezeen од Foster+Partners.

01_resize

Предвидено е во внатрешноста да се организираат 232.257 метри квадратни работен простор, кој ќе претставува, како што наведуваат архитектите, „флексибилни простори за соработка кои ќе можат да се прилагодат на иднината на работењето“.

Додаваат дека новопроектираниот објект ќе има 25 отсто повеќе простор по лице од зградата на Union Carbide и дека се предвидува дека ќе може да прими околу 14.000 вработени.

04_resize

Интересно е што архитектите истакнаа дека на проектот повторно ќе се користи или преработи,  97 отсто од градежниот материјал создаден со уривањето. Исто така од бирото наведуваат и дека со проектот е предвидено 50 отсто повеќе заеднички простори, благодарение на употребата на флексибилни основи без столбови.

05_resize

Кулата е дел од планот на Њујорк за ново зонирање на централен Менхетен и предвидено е да се приклучат 50.000 поврзани уреди, што ја прави „со податоци најповрзаната висококатница во Њујорк“.

03_resize

Од бирото, исто така, истакнаа дека новиот проект ќе внесе 30 отсто повеќе дневна светлина во зградата одошто има „типична деловна зграда“ и ќе користи деноноќно осветлување за да ги минимизира ефектите од електричното осветлување и да поддржи поздрава внатрешна средина.

Испрати коментар

Scroll To Top