Вечерва, со почеток во 19 часот, граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“ организира форум на кој ќе се зборува за културните, општествените и архитектонските вредности на Градскиот трговски центар и потребата тој да биде зачуван во неговиот автентичен изглед.
Овој јавен настан е дел од кампањата „Излези за ГТЦ“ која има цел да ги мотивира граѓаните во општина Центар да излезат на претстојниот референдум кој ќе се одржи на 26 април и на кој граѓаните од Центар ќе одлучуваат за изгледот на ГТЦ.
Свое излагање на Форумот ќе имаат:
Даница Павловска – архитект
Панда Зографска – архитект
Донка Барџиева Трајковска – историчарка на уметност
Драган Поповски – карикатурист
Јовица Ивановски – поет
Софија Гошева – жителка на Центар
Форумот ќе се одржи во паркот Жена – casino online Борец кај споменикот на Славко Јаневски со почеток во 19 часот. Тој ќе биде од отворен карактер и на него можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани.
ГТЦ Форум е eден од серијата настани во рамките на референдумот за заштита на Градскиот трговски центар од предлог проектот за нова фасада и негова доградба со која целосно би се уништила архитектурата на објектот, како и неговата урбанистичка улога на „улица“ низ централното градско јадро.
Господа Добрый день! Заходите на Работа на дому без обмана , готовый проект для вас приносящий от 15$ в день!!!.