Formula 1 размислува во иднина да го воведе водородот како гориво за тркачките автомобили, рекол директорот на Formula 1, Ross Brawn. Користењето на водородот би обезбедило трките да го задржат возбудувањето кое го предизвикува бучавата на болидите, атрактивно за љубителите на овој спорт, што не би било случај кај електричните возила, рекол тој. Меѓутоа, Brawn во својата изјава за BBC исто така рекол дека Formula 1 во моментот не планира да го напушти хибридниот погон кој сега се користи и кој го комбинира внатрешното согорување со електричните мотори. Lando Norris, британскиот возач на Formulа 1, смета дека воведувањето на електричните автомобили би одзело доста од атмосферата во овој спорт. Засега напорите се насочени кон развој на синтетички горива кои користат јаглерод зафатен од воздухот, земјоделскиот отпад или биомасата, а правилата на оваа организација бараат бензинот кој се користи во трките да содржи најмалку 10% биогориво. Исто така, Formula 1 проценува дека помалку од 1% од емисиите кај нив потекнуваат од самите трки, а речиси половината од вкупните емисии во овој спорт се последица на логистичките активности и транспорт на возилата од една до друга писта за трки. Formula 1 има за цел да стане јаглеродно неутрална најдоцна до 2030 година.